Како може да станете негувател/асистент?
Негувател или асистентот може да биде секое лице кое се има стекнато со верификуван сертификат за негувател или асистент. Обуките за различни видови на негуватели, во рамките на Програмата „Економија на грижа“ се во времетраење од три месеци и истите се состојат од теоретски дел и практична работа.
Доколку сте невработено лице, евидентирано како активен барател на работа во надлжениот Центар за вработување и имате комплетирано најмалку основно образование, може да учествувате во бесплатните обуки преку програмата „Економија на грижа“. Со Програмата се нуди можност за вработување за лицата кои успешно ја поминале обуката.
Кои се работните обврски на негувателот/ асистентот?
Негувателот или асиситентот дава поддшка на лицето кое му е потребно грижа и тоа: одржување на личната хигиена (користење на тоалет и капење), поддршка при облекување, пресоблекување, хранење и подготвување на храна за лицето на кое му е потребно грижа и нега.
Исто така, лицето ќе биде обучен и за поддршка при движење низ домот и околината, давање на медикаментозна терапија препишана од медицинско лице и слично.
ПРИЈАВИ СЕ!
Доколку сакате да станете сертифициран/а неговател/ка или асистент/ка за грижа и нега, кликнете на копчето долу и пополнете го прашалникот.
Пријави се тукаКОНТАКТИ
За повеќе информации поврзани со услугите:
Викторија Нешковска Драганов,
viktorija.neskovska@undp.org