Услугата помош и нега во домот е наменета за лицата на кои им е потребна грижа и нега да продолжат самостојно да функционираат во сопствениот дом. Негувателите им даваат поддршка во извршување на основните и инструменталните активности. Таа поддршка се состои од: одржување на личната хигиена, поддршка при облекување, пресоблекување, хранење и подготвување на храна за лицето на кое му е потребно грижа и нега. Поддршка при движење низ домот и околината, давање на терапија препишана од медицинско лице и слично.
Услугата лична аситенција има за цел да овозможи независно и самостојно живеење за лицата кои имаат потреба од помош и поддршка во активностите од секојдневниот живот, како и помош и поддршка на работното место, образовните институции и останати институции во заедницата.








